Дваесет и трета седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела на бременост?

Мајката:

Како што расте вашиот стомак, можно е да почнат да растат и болките што го чувствувате.

Апетитот ви се зголемува, но не и способноста на дигестивниот систем. Киселините, подуеноста, гасовите продложуваат. Отеченоста на нозете и глуждовите исто.

Болките во долниот дел на грбот, заради зголемената тежина, може да бидат вистинска неприлика. Како и да е, спомнете си дека поголемиот дел од патот на вашата бременост е зад Вас.

Вашето бебе се уште има доволно простор, па веројатно често го чувствувате неговото движење и клоцање.

Понекогаш кога се работи за комплицирана, односно ризична бременост, може да постои опасност од предвремено породување. Предвременото породување се случува кај 6-7% од вкупниот број на породувања. Најчесто се случува во третото тромесечие, а поретко во второто. Доколку вашиот лекар примети такви знаци ќе Ви биде советувано да мирувате. Кога лежите притисокот што бебето го прави на вратот на матката е многу помал, па така и опасноста од нејзино предвремено отварање. Ако се работи за нормална бременост нема никаква причина да не продолжите со вообичаените активности.

Совет: Ако ви е препорачано мирување, послушајте го советот, без разлика што можеби чувствувате дека без проблем можете да скокнете од креветот. Искористете го ова време за читање и имајте на ум дека тоа нема да трае вечно. Поголемиот дел од патот е зад Вас. Секоја нелагодност што ќе ја искусите сега, ќе биде заборавена, а наградата е неспоредлива.

Бебето:

Вашето бебе сега вежба да дише во плодовата вода. Тоа ја вдишува и ја исфрла течноста од белите дробови.

Коските на внатрешното уво се стврднуваат.

Телото му изгледа попропорционално, иако главата е се уште поголема во однос на тоа кога ќе се роди.

Кожата веќе не му е толку прозирна.

Ноктите се речиси целосно развиени. Влакненцата што го покриваат неговото тело стануваат потемни.

Сега е целосно прекриено со сирестата бела материја која го обвиткува за да го заштити од плодовата вода. Оваа материја ќе се разгради пред породувањето, но ќе остане доволно за да помогне при лубрикацијата за време на породувањето.

Просечната должина на бебето е околу 29 см, а просечната тежина околу 500 грама.

Таткото:

Изненадете ја мајката со нешто неочекувано, без таа да ве замоли да го направите тоа. Покажете и колку е таа посебна и ценета од вас. Кога ќе стаса бебето времето за романтика ќе биде многу намалено.

 

bremenost nedela

Бебе во 23-та седмица на бременост