Дваесет и четврта седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела од бременоста?
Мајката:
Свесни сте не само за движењата на бебето, туку можете да го препознаете и неговиот циклус на сон и будност.
Една од работите што може да ви се случи во текот на бременоста е зголема влакнатост. Новите влакненца може да се јават по грбот, надусницата, образите, дури и по целото тело. За среќа депилацијата е дозволена, иако никој нема да ви замери и ако не го правите тоа. Овие нови влакненца ќе исчезнат по породувањето.
Бидејки бебето не само што лежи на вашата бешика, туку и активно мрда и клоца, вашите посети на тоалетот се зачестени. Не само во текот на денот, туку најверојатно ќе станувате и во текот на ноќта.
Совет: Обратете внимание на тоа да пиете доволно течности. Понекогаш дехидратацијата може да предизвика и предвремено породување.
Ако забележите чуден вагинален исцедок, задолжително обратете се кај вашиот лекар. Некои вагинални инфекции исто така може да предизвикаат предвремено породување.
Трудете се да водите што поздрав начин на живот.
Бебето:
Слухот на Вашето бебе сега е целосно развиен. Тоа се привикнува на звуците од надворешниот свет. Можете да почувствувате како при некој посилен звук се штрекнува.
Бебето е речиси целосно развиено.
Неговото тело почнува да произведува бели крвни клетки. Тие ќе му овозможат да се бори против болестите и инфекциите кога ќе се роди.
Просечната должина на бебето е околу 30 см, а просечната тежина околу 600 грама.
Таткото:
Фотографиите или снимките со камера што ќе ги направите сега, еден ден ќе бидат многу скапоцени спомени.
Бебе во 24-та седмица на бременост