Дваесет и петта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела на бременост?

Мајката:

Вашето бебе толку клоца, што можеби мислите дека ќе бидете мајка на фудбалер.

Како што расте бебето, така може да се зголемуваат и Вашите болки во грбот, стомакот и нозете. Кога ќе почувствувате болка, легнете и одморете се или сменете ја положбата. Грчевите во листовите се многу честа појава во текот на бременоста. Проверете дали внесувате доволно калциум. Друга причина за нивно јавување може да биде притисокот што го прави бебето на крвните садови или нервите.

Сонот е најдобар лек против исцрпеноста, но во бременоста често пати се јавуваат проблеми и со несоница. Има повеќе причини за пореметен сон:

  • Ограничениот број положби што можете да ги завземете заради големината на стомакот.
  • Како што расте стомакот, така се намалува и просторот за белите дробови, па дишењето станува потешко.
  • Остануваат киселините и лошото варење на храната.
  • Честата потреба за мокрење.
  • Стресот заради грижите поврзани со раѓањето на бебето.

Сето оваа може значително да го отежне спиењето.

Совет: Внимавајте да внесувате доволно калциум. Најмногу го има во: млекото и млечните производи, исто така во бадемите, рибата, броколите ит.н.

Обидете се да се опуштите и да не се заморувате со непотребни грижи. Наместо да се грижите за тоа какви ќе бидат работите кога ќе се роди бебето, сконцентрирајте се на радоста која ќе Ви ја донесе.

Одмарајте и не го зборавајте и таткото. Овозможете си време што ќе го поминете насамо со него. Наскоро ќе немате многу прилики за тоа.

Бебето:

Се оформува рбетот на вашето бебе. Составен е од 33 прешлени, 150 зглобови и околу 1000 лигаменти.

Почнуваат да се формираат и најфините крвни садови и капилари, па кожата на бебето добива розов сјај. Оваа недела почнуваат да се формираат и крвните садови во белите дробови.

Просечната должина на бебето е околу 34.6 см, а просечната тежина околу 660 грама.

Таткото:

Размислте за тоа како ќе го испланирате вашето работно време кога ќе се роди бебето. Дали ќе земете отсуство од работа или можеби тогаш ќе го истемпирате Вашиот годишен одмор. Вашето присуство ќе биде незаменливо, а сигурно и вашата радост.

 

bremenost nedela 25

Бебе во 25-та седмица на бременост