Дваесет и шеста седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Отоците може да се јават по лицето, нозете, стапалата, глуждовите, дланките. Тоа се случува заради задржувањето на поголема количина вода во оганизмот. Често пати може да се јави и крварење од непцата.

Не само што имате зачестена потреба од мокрење, туку понекогаш може да се случи да истече мала количина на урина и при смеење, кивање и сл. Не се грижете, тоа е само привремена состојба, а Кегеловите вежби можат значително да помогнат.

Можеби најнеугодна работа ќе биде зголемниот вагинален исцедок. Ако чувствувате јадеж или приметите чудна боја или мирис на исцедокот, јавете се кај вашиот гинеколог. Иако можеби истите симптоми сте ги имале и порано, бременоста не е време кога смеете да го занемарувате Вашето здравје.

Нормални се и промените на расположението. Некои денови може да се чувствувате како најсреќната жена на светот, а други да чувствувате напнатост и стрес. Можеби почнуваат да ве мачат и мисли околу тоа како ќе се одвива породувањето или пак како ќе се снајдете со бебето. Обидете се да се опуштите. Се ќе биде во најдобар ред. Совршено сте способни за на бебето да му ја пружите најдобрата возможна грижа.

Совет: Овозможете си го потребниот одмор. Посветете си време на самите себе. Бидете опуштени и позитивни. Тоа е добро и за вас и за вашето бебе. Со грижите нема да постигнете ништо.

Можете да почнете да читате книги за да се припремите за одгледувањето на вашето бебе.

За болките кои ги чувствувате во грбот, нозете и сл. може многу да помогне домашната масажа од таткото. Вообичаената масажа во салони не е препорачлива во тек на бременоста затоа што може да предизвика штети.

Бебето:

Коските на бебето продолжуваат да стануваат се поцврсти.

Продолжува развојот на белите дробови, почнуваат да се формираат воздушните меури, односно алвеолите. Тоа ќе му овозможи на Вашето бебе да дише.

Исто продолжува и развојот на мозочната активност. Во оваа недела очите на бебето стануваат целосно развиени. Слухот исто така станвува се подобар. Тоа сега ќе може да го распознава гласот и на таткото. Испитувањата покажуваат дека новороденото бебе веќе распознава познати гласови.

Просечната должина на бебето сега е околу 35.6 см, а просечната тежина околу 760 грама.

Таткото:

Разговарајте со мајката околу името на бебето. Ако не го знаете полот направете еден список со машки и еден со женски имиња. Одберето го она име кое е прифатливо и за двајцата. Можете претходно да се распрашате за значењето на имињата што Ве интересираат. Името не е неважна работа. Вашето бебе ќе го носи во текот на целиот живот.

 

bremenost nedela 26

Бебе во 26-та седмица на бременост