Дваесет и осма седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Добредојдовте во третото тромесечие.

Ова е период на чешање на кожата, киселини, проблеми со варењето на храната, отеченост, болки, грчеви во нозете, проширени вени, хемороиди... но и пристигнување на вашето бебе.

Првото млеко, односно колострумот, најверојатно веќе тече од вашите гради. Ако тоа се уште не се случило, не се грижете. Тоа не значи дека нема да можете да го доите бебето. Кај некои жени колострумот се јавува покасно.

Совет: Ако во вашето место се организираат часови за обука во врска со породувањето, посетувајте ги. Распрашајте се за се што ве интересира. Поставете му ги на вашиот лекар сите прашања кои ве мачат.

Многу жени стравуваат за себе и за бебето, кога ќе помислат на породувањето. Имајте на ум дека компликациите се исклучок, а не правило.

Ако веќе не сте го напавиле тоа, одберете ја болницата во која ќе се породите.

Бебето:

Очите на бебето се делумно отворени и тоа веќе може да трепка. Иако неговите очи веќе имаат боја, вистинската боја ќе биде дефинирана дури после 9 месеца откако ќе се роди.

Процентот на сало во неговото тело се движи од 2-3%.

Вашето бебе веќе може и да сонува.

Просечната должина на бебето сега е околу 37.6 см, а просечната тежина околу 1000 грама.

Таткото:

Третото тромесечие е тежок период за мајката. Сега сте и попотребен од било кога. Обратете и посебно внимание. Прославете го влегувањето во последното тромесечие со тоа што заедно ќе одберете нешто за бебето или за неа. Масирајте и ги стапалата, тоа може многу да и ги олесни болките во нозете и да и помогне да се опушти. Разговарајте за нејзините стравови во врска со породувањето. Обидете се да и ја дадете целата можна подршка и утеха.

 

bremenost nedela 28

Бебе во 28-ма седмица на бременост