Трета седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Вие веројатно се уште не сте ни свесни дека сте бремени и се уште немате никакви симптоми. Всадувањето на вашето бебе во матката обично се слчува 7–10 дена после овулацијата.

Совет: Не земајте било какви лекарства без консултација со лекар, затоа што многу од нив можат да му наштетат на бебето. Од истите причини избегнувајте да внесувате и поголеми количини на А витамин, алкохол или било што, што би можело да му наштети на бебето.

Бебето:

Јајце клетката од мајката се сретнува со сперматозоидот од таткото во јајоводите на жената и тоа е моментот кога започнува чудото на животот. Откако ќе се спојат, се формира зачетокот на бебето т.н. зигот. Од самото формирање на зиготот , клетките почнуваат забрзано да се делат и започнува неговиот пат кон матката. Кога ќе стаса во матката, зиготтот е веќе претворен во топче од клетки наречени бластоциста.Во матката кружи неколку дена и бара погодно место каде ќе може да се вгнезди. Кога ќе се вгнезди Вашата бласто циста веќе е ембрион. Во ова недела Вашето бебе е со дијаметар од 0,1-0,2 мм. Иако е толку мало, сепак полот како и сите останатите генетски особини веке се одредени. Точно се знае каква ќе бида бојата на неговите очи, коса и се она што Вие со нетрпение очекувате да го видите.

 

zabremenuvanje - oplodena jajce kletka

Оплодена јајце клетка

Таткото:

Можеби со нетррпение ги очекувате резулатите од тестот за бременост. Во секој случај продолжете со обидот за создавање на поздрави животни навики.