Триесет и трета седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела од бременоста?
Мајката:
Веројатно од оваа недела ќе почнете да качувате по околу 0,5 кг неделно. Не се грижете, тоа е последица на забрзаниот раст на вашето бебе.
Клоцањето на бебето ќе почне да се намалува, затоа што му се стеснува просторот. Вие сепак веројатно можете да разликувате кога добивате удар со лактот, а кога со коленото.
Притисокот на вашата бешика е постојан, тоа значи и многу чести посети на тоалетот.
Совет: Информирајте се колку можете повеќе околу породувањето, доењето и одгледувањето на вашето бебе.
Како што се ближи породувањето, веројатно растат и вашите грижи околу тоа. Сепак обидете се да се смирите.
Како што кажавме, компликациите се исклучок, а не правило.
Што се однесува до болките при породувањето, околу 10% од жените велат дека е екстремно болно, околу 10% не искусуваат некоја посебна болка, а останатите се некаде помеѓу. Во секој случај штом ќе го прегрнете вашето бебе, се ќе биде заборавено.
Бебето:
Бебето продолжува да расте.
Во овој период во матката има најголемо количество на плодова вода. Таа количина ќе се одржува се до породувањето.
Мозокот забрзано расте.
Салото исто така продолжува да се акумулира. Тоа на бебето му дава помазен изглед.
Развојот на белите дробови е исто така интензивен, па тие се речиси целосно развиени. Алвеолите оваа недела добиваат нов слој клетки, кој ќе им овозможи нормално дишење.
Коските на главата на бебето не се целосно сраснати. Тоа ќе му овозможи полесно да помине низ родилниот канал во текот на породувањето.
Ако се уште не се свртило со главата надоле, оваа недела веројатно ќе се случи тоа.
Просечната должина на бебето сега е околу 43,7 см, а просечната тежина околу 1920 грама.
Таткото:
Само продолжете да бидете околу мајката и обидете се да и помогнете онаму каде што можете. Разговарајте за промените кои ќе се случат со даѓањето на вашето бебе. Моментот е многу близу.
Никако не ги заборавајте масажите на стапалата.
Бебе во 33-та седмица на бременост