Четврта седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела?
Мајката:
Оваа седмица ке се случи всадувањето, односно имплантацијата на на вашето бебе во матката. Понекогаш кога се случува тоа може да дојде до пукање на некој крвен сад и да предизвика мало крварење. Не се вознемирувајте, тоа е безопасна и нормална појава. Кон крајот на оваа седмица ја очекувате, односно не ја очекувате вашата менструација и нејзиното изостанување ќе биде главниот симптом дека сте бремени. Од останатите симптоми во овој ран стадиум на бременоста, можеби ке почувствувате потреба за зачестено мокрење. Тоа се јавува затоа што матката се полни со течност и почнува да притиска на бешиката.
Всушност, иако сте бремени сосема е веројатно дека ќе чувствувате слични симптоми и како пред добивање менстуација: болки во долниот дел на стомакот, отеченост и болки во градите, подуеност и сл.
Совет: Бидејки првото тромесечје е најкритичен период за правилно формирање и развој на вашето бебе, избегнувајте било какви околности кои би му наштетиле. Ова вклучува и престанок на консумирање: алкохол, цигари (дури и пасивно пушење), формирање здрави навики во исхраната и сл.
Некои поосетливи тестови за бременост можат да покажат точен резултат и при крајот на оваа недела. Сепак е препорачливо ако можете да се стрпите со домашното тестирање и да го направите 1-2 дена по изостанувањето на менструацијата. Доколку тестот покаже негативен резултат, а менструацијата се уште ја нема, можете да го повторите после 2-3 дена.
Бебето:
Кога ќе стаса во матката бластоцистата бара погодно место за да се вгнезди. Кога ќе го најде, длабоко се вкопува и се дели на 2 дела. Од едниот дел ќе се формира плацентата, а од другиот вВаашето бебе. Штом ќе се всади бебето, веднаш почнува да се создава т.н. хуман хорионик гонадотропин хормон или hCG, кој е карактеристичен за периодот на бременоста. Вредностите на овој хормон многу интезивно почнуваат да се зголмуваат. Домашните тестови за рано утврдување на бременоста се изработуваат врз основа на неговото присуството.
Имплантиран ембрион
Таткото:
Ова е период на исчекување, обидете се да си давате взаемна подршка со мајката на вашето бебе - и таа е барем исто толку нестрплива како и вие.
Претходна | Следна |