Четириесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Честитки. Го поминавте целиот труднички пат во оваа бременост.

Оваа недела веројатно ви изгледа премногу долга , но имајте на ум дека терминот кој ви беше одреден за раѓање на бебето е само проценка, а не нешто базирано врз точни научни вредности. Многу мал број жени ги раѓаат децата точно на денот на терминот. Огромниот дел жени ќе ги родат своите бебиња 2 недели порано или покасно од терминот. Не се грижете ако помине терминот. Бебето е на сигурно и удобно место. Тоа најдобро си го знае времето. Бебињата не се сметаат за надносени се до две недели после терминот. Особено ако ова ви е прво бебе има големи шанси да го родите во 42-та недела од бременоста.

Совет: Повторете си го сето она што го научивте околу пораѓањето, доењето и другите работи околу бебето.

Ако се уште не сте си купиле, можете да размислите за купување специјален градник, кој ќе ви го олесни доењето. Внимавајте ма големината на градникот што ќе го купите. Кога вашите гради ќе се наполнат со млеко, ќе станат поголеми. Тоа значи дека градникот треба да биде 1 или 2 броја поголем од најголемиот што го носевте во текот на бременоста.

Ако Ви предложат индуцирано породување добро размислете и извагајте ги аргументите за и против. Индуцираното породување обично е потешко и за бебето и за мајката.

Бебето:

Вашето бебе е потполно развиено и се уште удобно сместено.

Просечната должина на бебето сега е околу 51.2 см, а просечната тежина околу 3460 грама.

Таткото:

Обидете се овие денови да се наспиете, за многу кратко време веќе ќе го немате луксузот на непрекинуван сон. Бидете заедно со мајката. Последните денови може да изгледаат како цела вечност, но многу брзо ќе завршат. Честитки на одличната нега што и ја пруживте на мајката. Заедно ќе бидете одлични родители.

 

bremenost nedela 40

Новороденче