Седма седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела од бременоста?
Мајката:
Доколку спаѓате во оние 70 % жени, кои имаат утрински мачнини, оваа недела за вас нема многу да се разликува од претходната. Мачнините продолжуваат, исто така уморот и исцрпеноста. Додека некои жени почнуваат да качуваат телесна тежина, некои можат и да загубат 2-3 кг во првите месеци на бременоста. Не се вознемирувајте, сето тоа е нормално. Желбата за одреден тип храна, а одбивноста за друг, исто така продолжува. Испитувањата покажуваат дека повеќето жени во периодот на рана бременост, предпочитаат солена и кисела храна.
Совет: За да го намалите интензитетот на утринските мачнини обидете се да увидите што му одговара на вашиот организам. За некои жени решението е во грицкање бадеми, некои сакаат солени крекери, многу бремени жени тврдат дека им помага смукање на свеж лимон или некои тврди бонбони. Вие ќе го пронајдете она што му одговара на вашето тело.
Што со сексот за време на бременоста? Доклоку не постојат некакви комликации во вашата брменост, нема никакви пречки за да продолжите со нормален сексуален живот. Сепак доколку стравувате, поразговарајте со вашиот гинеколог.
Бебето:
Во текот на оваа недела мозокот на вашето бебе интезивно расте.
Во една минута се формираат по стотина нови мозочни клетки.
Лицето станува се подефинирано. Продолжува формирањето на: очите, устата, ушите, почнуваат да се формираат ноздрите.
Продолжуваат да се развиваат рацете и нозете, иако во овој момент не се целосно оформени и повеќе личат на израстоци.
На ултразвук е видлива папчната врвца, а со трнасвагинално ехо би можело да се слушне и срцето.
Вашето бебе во овој момент е долго околу 7-9 мм.
Таткото:
Сега во новонастанатата ситуација во вашиот живот, можеби сте се уште збунети околу многу работи. Не се плашете, тоа е совршено нормално.
Кога се работи за сексуалниот живот, на некои мажи им е чудна идејата да водат љубов со бремена жена. Не се грижете. Доколку не се работи за комплицирана бременост, можете најнормално да продожите со сексуалниот живот. За да се ослободите од вашите стравувања дека би можело да го повредите бебето или да го нарушите текот на бременоста, можете да поразговарате со лекарот на вашата сопруга.
Споделете ги Вашите стравувања и потреби со вашата сопруга. Комуникацијата е основа на една здрава врска.
Бебе во 7-ма седмица на бременост
Претходна | Следна |