Осма седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Оваа недела вашата матка веќе има големина на портокал. Вашиот струк веќе може да почне да се проширува. Тоа може да биде видливо особено ако ова не ви е прва брменост, па мускулите и сврзното ткиво се малку олабавени. Мачнините продолжуваат. Можеби имате мозолчиња, но не се грижете, тоа ќе заврши после првото тромесечие или евентуално после породувањето.

Совет: Лекарот веројатно ви препишал пренатални витамини или железо, доколку е потребно. Железото може уште повеќе да ги интензивира утрнските мачнини, но тие би требало да поминат со завршувањето на првото тромесечие. За да ги намалите проблемите при голатњето на витамините или железото, можете да се обидете да ги земате заедно со храна или навечер пред легнување.

Грижете се за својата исхрана. Внесувајте многу овошје, зеленчук, течности, протеини. Со еден збор внимавајте да имате балансирана, разновидна исхрана. Дополнителното внесување на витамини понекогаш е потребно, но не е замена за природните. Имајте вo предвид дека вашето бебе може да се храни исклучително преку вас. Неговата исхрана е директно поврзана и зависна од Вашата.

Бебето:

Оваа недела половите жлезди на вашето бебе ќе се развијат во тестиси или во јајници.

Интезивно се развиваат коските, почнува процесот на нивното отврдување. Се развиваат лактите, како и почетоците на прстите на рацете и нозете.

Започнуваат спонтани движења кај бебето.

Лицето продолжува да се дооформува, се појавуваат очните капаци, забите под непцата, се појавува врвот на носот.

Срцето се дели на четири дела и моментално чука со брзина од 150 удара во минута.

Должината на бебето до крајот на оваа недела биде околу 8-11 мм и ќе тежи околу 1 грам.

Таткото:

Првото тромесечие навистина може да биде многу исцпувачко за многу жени. Промената е огромна, особено ако се работи за жени кои претходно биле интензиво активни. Обидете се да и помогнете да се одмори. Бидете активен родител. Придружувајте ја при посетите на лекар и информирајте за се што би било од интерес за бременоста или вашето бебе.

 

bremenost nedela 8

Бебе во 8-ма седмица на бременост

 

 
Претходна Следна