Што е потребно да понесете во родилиште

Што е да земете за во родилиште

Што ќе ви биде потребно да понесете во болница пред породувањето многу зависи од тоа во која болница ќе се породите. Ќе дадеме општ список на она што е потребно, но најдобро е да прашате во вашата болница што ви е потребно за таму.

Она за што ќе утврдите дека ви недостасува, покасно ќе можат да ви го донесат вашите домашни.

Список на работи потребни за мајката

  • Здравствена легитимација, упат од вашиот гинеколог, плави картони.
  • Потврда за вашата крвна група и RH фактор.
  • Влечки кои ќе можете да ги натопите.
  • Две крпи.
  • Влажни марамчиња.
  • Тоалетна хартија.
  • Прибор за лична хигиена: сапун, паста и четка за заби, чешел, лабело ит.н.
  • Памучни влошки со мрежа (можеби ќе би бидат потребни и неколку пакувања).
  • Градник за доење.
  • Влошки за градникот.
  • Спаваќа и наметка.
  • Долен веш, чорапи и облека за излегување.
  • Лимон за освежување.
  • Бисквити, чоколада.
  • Сокови.
  • Мобилен телефон и полнач.
  • Книга за читање.

Список на работи потребни за бебето

  • Памперс од најмалите.
  • Неколку тетра пелени
  • Комплет облека: бенкица, шпихозни, боди, капа и ракавици.
  • Влажни марамчиња.
  • Крема.
  • Корпа или плик во кој ќе го изнесете.
  • Автоседиште.