Зачестено мокрење во бременоста

зачестено уринирање во бременост

Ви се случува да трчате во тоалет на секои десет минути или да се будите на секој пола час? Не сте сами, жените во сите стадиуми на бременоста се соочуваат со потреба за зачестено мокрење.


Причини за зачестено мокрење во бременоста


Има главно 2 причини за зачестеното мокрење:

1. Како што расте матката, така таа ја притиска бешиката и ве тера да трчате во тоалет. Ова почнува да се случува уште во раната бременост. Исто така во подоцните стадиуми бебето притиска на бешиката и чувстувате  сензации како да мора да мокрите дури и кога не е така.

2. Втората причина за зачестеното мокрење во бременоста е што во вашето тело сега циркулира поголема количина на течност, а бубрезите работат дополнително за да се осигураат дека токсините редовно се исфрлаат за да не му наштетат на бебето. Кога бубрезите работат така засилено, тогаш и течностите се исфрлаат забрзано.

Ова е сосема нормална појава и ќе трае се до породувањето.