Симптоми на бременост
КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ СИМПТОМИТЕ НА БРЕМЕНОСТ
Веројатно не постои ниту една жена, која некогаш не ги ловела и не се прашувала за симптомите на бременост. Симптомите на рана бременост може да бидат различни не само за секоја жена, туку и за разни бремености кај една иста жена. Следниве симптоми може да послужат како ориентационен водач. Често пати симптомите на рана бременост се многу слични на оние симптоми пред добивање менструација. Најсигурно сомнежите ќе ги потврди домашниот тест за бременост или Вашиот гинеколог.
Во симптоми на бременост кои најчесто се јавуваат, можат да се набројат следните:
- Осетливи и отечени гради. Само 2 недели после зачнувањето, Вашите гради веќе може да почнат да ги покажуваат првите знаци на бременост. Градите најчесто стануваат почувствителни, тешки, отечени и болни на допир. Вените стануваат повидливи, а бојата на круговите потемнува. Ова се случува затоа што Вашето тело уште одсега почнува да се подготвува за доењето на бебето.
- Изостанок на менструацијата. Ова е главниот симтом што ги тера жените да почнат да се сомневаат дека се бремени. Денес домашните тестови ја покажуваат бременоста со 99% точност. Ако Вашата менструација доцни, домашниот тест за бременост, би требало да покаже точен резултат. Ако добиете негативен резултат на тестот , а Вашата менструација се уште изостанува, повторете го тестот за 2-3 дена. Ако тестот покажува бременост, примете ги нашите искрени честитки и закажете преглед кај Вашиот гинеколог. Во Вашата утроба веќе е започнат нов живот.
- Замор. Заморот е еден од првите знаци на бременост. Може да чувствувате: исцрпеност, премореност и поспаност. Се јавува заради покаченото ниво на хормонот прогестерон, но исто така и заради намаленото ниво на шеќер или намалениот крвен притисок во раната бременост.
- Имплантациско крварење. Ова крварење се јавува најчесто пред очекуваната менструација и е многу послабо и пократко. Се случува кога ембрионот се прицврстува за зидот на матката, ако при тоа дојде до пукање на некој помал крвен сад.
- Грчеви во долниот дел на стомакот. Многу се слични на грчевите што се јавуваат во периодот пред добивање на менструација.
- Гадење. Така наречените утрински мачнини можат да се јават во било кое време на денот. Обично се јававаат 2-8 недели после зачнувањето. Можат да бидат пропратени со повраќање, но не секогаш. Можеби ќе приметите дека Вашето омилено утринско кафе веќе не ви е така пријатно или омилената храна веќе не Ви годи. Повисоките нивоа на хормоните ја забавуваат работата на стомакот, па тоа може да биде причина и за мачнините.
- Изострено чувство за мирис. Многу жени во текот на бременоста имаат изразено чувство за мирис, што дополнително може да придонесе за да се зголеми нагонот за повраќање.
- Главоболка. Заради зголемената циркулација на крв, во раната бременост е честа појава на главоболки.
- Вртоглавица. Вртоглавиците се јавуваат заради намаленото количесто на шеќер во крвта, но и заради снижениот крвен притисок. Може да се јават ако малку почекате во ред во продавница, при качување по скали, ако некое време седите и сл.
- Зачестено мокрење. Ова е еден од првите знаци. Заради тоа што матката се исполнува со течност и забрзано расте, врши притисок на Вашата бешика. Дополнителен придонес за честото мокрење, дава и тоа што Вашето тело сега ќе треба да преработува поголемо количество на течности. Овој симптом нема да исчезне се до крајот на бременоста.
- Болки во долниот дел на грбот. Овие болки често се јавуваат уште на почетокот на бременоста.
- Лакомост за одредена храна, а одбивност кон друга. Оваа позната појава е исто така последица на големите хормонални промени, кои се случуваат во Вашето тело.
- Нагли промени на расположението. Од смеење може да преминете во палчење и обратно, без навидум никаква причина. И за ова се виновни хормоните.
- Запек и киселини. Овие проблеми се јавуваат заради забавената работа на цревата. Како и за поголемиот број на другите симптоми, заслужни се хормоните.