Бебињата го префаќаат стресот од мајката и покажуваат физиолошки реакции

Новите истражувања покажуваат дека бебињата не само што го префаќаат стресот на нивната мајка, туку тие исто така покажуваат соодветни физиолошки промени.

Водачот на студијата, Sara Waters - постдокторант на Универзитетот на Калифорнија, вели:

Нашето истражување покажува дека бебињата ги префаќаат и ги отелотворуваат физиолошките остатоци од стресните искуства на нивните мајки.

Овие откритија се објавени во Psychological Science
 
Wendy Berry Mendes, еден од авторите на студијата вели:

Многу години наназад научнициte беa заинтересирани за тоа како емоциитe се пренесуваат од едно на друго лице. Всушност истражувањата во општествените науки покажаa дека емоциите може да биде "заразни" и дека постои емотивна синхронија помеѓу романтичните партнери.

Овој пат научниците сакале да ги прошират овие истражувања со осврт на емоционалната синхронија во контекст на друг близок однос: односот помеѓу мајката и детето.

Таа објаснува:

Нашита најрани лекции за тоа како да се справиме со стресот и силните негативни емоции во нашиот секојдневен живот се случуваат во односот родител-дете.

Истражувачите за студијата регрутирале 69 мајки и нивните 12-14 месечни бебиња. Тие поставиле соодветни кардиоваскуларни сензори на мајките и на децата, кои ги снимале реакциите. По сместувањето, мајката и детето биле разделувани и од мајката било барано да одржи 5 минутен говор пред двајца евалуатори, што потоа било проследено со 5 минутна сесија на прашања и одговори . Некои мајки добиле позитивни сигнали од оценувачите, вклучувајќи одобрување, насмевки, наведнување напред и сл. Друга група на мајки добила негативни повратни информации, како што се намуртеност, вртење со главата и вкрстување на рацете. Третата група на мајки пак не добила никаква повратна информација. Потоа мајката и детето биле повторно соединети.

Како што било предвидено, мајките кои примиле негативни повратни информации пројавиле поголемо намалување на позитивните емоции и поголемо зголемување на негативните емоции, отколку мајките во другите две групи. Тие, исто така покажале знаци на зголемен срцев стрес.

Децата брзо го "префатиле" овој одговор на стресот: Бебињата чии мајки добиле негативни повратни информации покажале значително зголемување на отчукувањата на срцето во однос на основната линија што ја имале неколку минути да бидат соединети со нивните мајки.

Важно е тоа што импулсот на бебето го следел импулсот на мајката. Колку мајката имала поголема реакција на стрес, толку поголема била стресната реакција и на бебето. Оваа поврзаност всушност станува се посилна со текот на времето.


Пред бебиња да станат вербални и целосно способни да се изразат себе си, ние можеме да пропуштиме да согледаме колку исклучително тие се ускладени со емоциите на нивните старатели. Вашето детето не може да ви каже дека му се чини дека сте под стрес и да ве праша што не е во ред, но нашата студија покажува дека, штом ќе го земете во вашите раце, тоа ги префаќа вашите телесни реакции - придружни на вашата емоционална состојба и веднаш почнува да ја чувствува во сопственото тело таа негативна емоција.

Истражувачите напоменуваат дека постојат различни канали преку кои можат да бидат изразени овие емоции, вклучувајќи: мирис, гласовна тензија и изрази на лицето. Waters и колегите во моментов ја испитуваат хипотезата дека допирот игра важна улога во "заразувањето" со емоциите.

На крајот на краиштата, овие наоди фрлија светлина врз начинот на кој здравјето и благосостојбата можat да имаат долгорочни последици, односно да се пренесат низ генерациите.