Родители внимавајте: Децата знаат кога ги лажете
Студија на МИТ покажа дека децата познаваат кога се излажани и не само тоа, туку тие препознаваат и кога намерно не им се даваат информации. Ако сметаат дека ги лажете, тие ќе се обидат самите да ги пополнат празнините. Децата ова го користат за да одлучат кој ќе им биде веродостоен извор на информации, за во иднина.
Многу родители признаваат дека на децата им кажуваат лаги за да им го олеснат животот, но студијата (преку користење играчки) покажа дека децата можат да ја препознаат таа тактика и дури можат да препознаат кога родителите или наставниците намерно кријат некои информации од нив.
Препознавањето на кого да му веруваат е многу важна вештина, која децата ја учат на рана возраст бидејки нашето познавање на светот доаѓа преку други луѓе, објаснува Hyowon Gweon, водач на студијата:
Кога некој ни дава некаква информација, ние не учиме само за нештото - туку исто така учиме нешта и за таа личност. Ако информацијата е точна и комплетна, тогаш можеме да и веруваме на таа личност и во иднина.
Но ако личноста ве поучи нешто погрешно, ако направи грешка или ако пропушти да ви каже нешто важно што треба да го знаете, тогаш можеби ќе посакате да ја суспендирате вашата доверба, да бидете скептични за информацијата која таа личност ќе ви ја даде во иднина или дури и да барате други извори на информации.
Претходно, студија покажа дека дури и бебињата не учат од оние кои веќе ги измамиле.
Практично, ова би значело родителите да внимаваат да не ја загубат довербата на децата.