Педијатрите предупредуваат дека децата не треба да минат повеќе од 2 часа дневно на интернет

Новите препораки сигурно ќе наидат на неодобрување и превртување очи кај тинејџерите, но влијателни педијатри предупредуваат на сериозноста на последиците од влијанието на неограничените медиуми.

Медиумите се поврзани со насилство, лоши резултати на училиште, дебелина, недостаток од сон и низа други проблеми. Многу родители се несвесни за огромното влијание кое го има експонираноста на нивните деца на медиумите - вели Др. Victor Strasburger, главен автор на препораките на Американската Академија на Педијатри.

Со ова препораките за исфрлање на телевизорите од детските и тинејџерските соби се прошируваат и го ограничуваат времето поминато покрај екраните на не повеќе од 2 часа дневно.

Препораките се однесуваат на сите деца, вклучувајки го користењето на смартфони, компјутери и други средства за интернет конекција.

Според новите препораки во тие 2 часа спаѓа времето поминато на Фејсбук, Твитер, ТВ и гледање филмови, исклучок се домашните задачи кои треба да се изработат на интернет.

Во извештајот од 2010 г стоело дека децата во САД на возраст од 8-10 год. просечно минеле по повеќе од 7 часа дневно со некој вид забавен медиум.

Strasburger вели:

Ви гарантирам дека ако имате 14 годишно момче со интернет конекција во неговата соба, тој гледа порнографија.

Младите луѓе поминуваат повеќе време со медиумите отколку во училиште - тоа е главна активност на децата и тинејџерите, со исклучок на спиењето.

Тој уште додава дека е свесен дека многу деца ќе се потсмеваат на советите на педијатрите, па дури и возрасни исто така.

После се, тие се експерти. Ние за нив сме медиски неандреталци, вели тој. Но се надева дека повеќе родители ќе постават ограничувања.