Мразев фотографии со доење

Порано го мразев доењео, го мразев. Не за другите мајки, туку за мене. Моите две први деца, кои сега имаат 11 и 13 години беа хранети со адаптирано млеко и не чувстувам вина или срам заради тоа, ниту треба да ги чувстуваат другите мајки. Но Шелин имаше целијакија, која ја наследи од мене, а стручњаците за доење велат дека шест месечно доење би можело да направи тоа да се избегне. Кога останав бремена со Лили во 2012 г. знаев дека мора да се обидам.

Признавам дека не сакав да дојам, особено кога ќе помислев на логистиката околу тоа. Никогаш не бев тип на девојка на која и беше супер удобно во своето тело или да бидам целосно искрена со било чие тело. Не бев од оние спастрени мајки - знаете од кои, кои можат да стават марама и да изгледаат гламурозно додека дојат разговарајки или проверувајки е-маил.

Лили и јас имавме тежок почеток на доењето. Преголемото количество млеко, силиконските пупки, спиналната главоболка и неможноста да ја фати градата го направија доењето тешко. Сето тоа, придружено со неудобноста околу доењето на било кое друго место, освен во мојата спална соба ги направија првите неколку месеци тешки.

Бев ужасно некоординирана. Ниту пак ја разбирав фасцинацијата на луѓето од нивните слики со доење. Секој блог за доење кој го посетив за информации, имаше фотографии со жени кои гордо целосно се разголуваа на професионални портрети или на аматерски фотографии. Не ги обвинував, но никогаш не го разбрав тоа, особено откако почнав да ја дојам Лили. Последно нешто што сакав да видам беше слика од моите неспретни обиди и моето откриено тело. Мојот сопруг ја сака неговата камера, но јас му забранив да ја вперува во мојот правец.

Но, некогаш мора да испазарите и да сфатите дека доењето на паркинг во колата во зима не фукционира. Ќе почнете да доите во продавница, обидувајки се да бидете дискретни додека вашето бебе ја трга покривката и на сите им ги покажува вашите гради. Потоа ќе престанете да ја напуштате просторијата и да ги пропуштате сите разговори со пријателките и само ќе почнете да доите под дискретен агол. Потоа ќе му кажете на вашиот сопруг дека бебето веќе има 17 месеци и дека всушност ќе ви недостасуваат моментите кога заспива хранејки се на вашите гради.

И потоа вашиот сакан сопруг, на кој изрично сте му забраниле да ве слика додека доите, оној кој го принудивте да ги избрише сите фотографии што покажуваат некоја област од вашите гради, ви ја праќа оваа прекрасна фотографија.


 

Се што гледам е апсолутната љубов на моето лице, дури и низ оние тешки моменти во почетоците на доењето. Не гледам колку некоординирано се чувстував, или моите гради или мојот пост-труднички стомак или дури ни разоткривачката природа на сликата. Гледам само љубов. Сега ја разбирам фасцинацијата со овековечувањето на тој момент.

Автор:
Sandy Roffey