Близначиња родени во 30 недела на првата средба посегаат едно накај друго за да се допрат
Близначињата Блер и Инес се родиле 10 недели предвреме и биле однесени на интезивна нега, додека лекарите стравувале дека можеби нема успеат.
Една недела подоцна, веднаш штом повторно ги соединиле, тие посегнале едно накај друго во инкубаторот за да се допрат.
Прекрасниот момент ги стопил срцата медицинскиот персонал, кој се грижел за нив, во болницата во Единбург.
Мајката вели:
Тоа беше најпрекрасно. Толку трогателно. Ова засекогаш ќе остане посебен момент за нас. Бевме вчудоневидени кога посегнаа еден накај друг, откако беа разделени.
Близначињата кога се родиле тежеле по 1,4 кг. Лекарите биле зачудени кога една недела подоцна почнале да дишат сами. Ги ставиле заедно во инкубатор, кога се случил скапоцениот момент.
Повеќето бебиња не можат да дишат самостојно пред 34 недели, но нивната мајка кога почнало породувањето примила стероиди за дозревање на белите дробови.
Проф. по Психологија, Elvidina Adamson-Macedo вели:
Посебната врска на близнаците започнува уште во матката. Веројатно тие кога се родиле само продолжиле да го прават она што го правеле и дотогаш. Меморијата се формира уште пред раѓањето и бебињата се допираат уште на 7 недели гестациска возраст.