Уште едно чудо: Близнаци преживeале операција во матката, труење на крвта и менингитис

близнаците со мајката

Додека близнаците Натаниел и Џошуа биле во матката на мајката било утврдено дека делат иста плацента и дека имаат близнак на близнак трансфузиски синдром, што значи дека едниот близнак прима многу повеќе крв од другиот и неговото срце и бубрези се дополнително оптоварени, а другиот не може нормално да расте. Синдромот може да биде фатален, а бил откриен во 21 недела од бременоста.

Мајката, Верена, уште истиот ден била оперирана со локална анестезија, при што цело време била свесна за она што им се случува. Исто така можела да гледа на екранот додека траела операцијата и постојано се молела близнаците да не мрднат и да не бидат повредени со ласерот.

Операцијата била итно закажана уште истиот ден, затоа што времето било критично. Верена вели дека нејзиниот ултразвук бил всушност закажан една недела подоцна, но отишла порано затоа што лекарката ќе одела на одмор. Колку подолго ќе се чекало, биле поголеми шансите за оштетување на мозокот на бебињата.

Лекарите кажале дека шансите за да преживат близнаците биле 33%.

Операцијата поминала во ред, но неизвесноста за Верена сеуште била толку тешка, знаејки дека во наредните 6 недели имала 20% шанси за спонтан абортус:

Претходно имав дожиевено спонтан абортус, така да бев убедена дека ќе ги загубам.

Кога била во 29 недела од бременоста, водењакот пукнал, но успеале на бебињата да им обезбедат уште 2 недели во матката, овозможувајки им скапоцено време за развој, а примиле и инекции кортизон за побрзо развивање на белите дробови.

Близнаците биле родени со итен царски рез и по раѓањето преживеале труење на крвта, од кое исто така целосно закрепнале. Но, тоа не бил крај на искушенијата. Кога имале 4 недели повторно се вратиле во болница, заради бактериски менингитис.

Тие сега имаат 4 месеци и тежат колку што поголемиот број на бебиња тежат при раѓањето, но нивното закрепнување е вистинско чудо и тие се покажале како големи борци.

Нивните имиња навистина доаѓаат до целосен израз, Натаниел значи Божји дар, а Џошуа значи Бог спасува.