Близнаци спасени со ласерска операција уште во матката

двете сестри близначки

Bianca McKewan (35) била во 13-та недела од бременоста кога дознала дека носи едентични близнаци. Со сопргуот Trevor (45) биле воодушевени од веста и не можеле да бидат посреќни, но 3 недели подоцна лекарите им кажале дека бебињата имаат близначки трансфузиски синдром. Овој синдром значи едниот близнак добива преголем доток на крв, кој го оптоварува срцето и бубрезите, а другиот близнак не прима доволно хранливи материи.  

Бланка вели:


Кога ни кажаа дека нивните животи се во опасност бевме скршени. Тие буквално се убаваа една со друга во матката, уште пред да се родат.


Состојбата кај бебињата веќе била толку лоша што на родителите им било кажано дека единствена шанса им е да биде извршена ризична процедура, при која ласерски требало да се разделат крвните садови во плаценатата. Ако операцијата била успешна, барем едниот близнак ќе имал 75-80% шанси да преживее.

Мајката кажува:


Бевме загрижени заради операцијата затоа што знаевме дека може да биде фатална за бебињата, но немавме друга опција ако сакавме да се обидеме да ги спасиме нивните животи.


Операцијата била извршена во Болницата на Кралскиот колеџ во Лондон и поминала добро, но родителите останале во неизвесност уште 2 недели додека да се види дека дотокот на крв функционира ефикасно, а воедно постоел и ризик од абортус.


Беше ужасно старашно. Секој ден се надевав и се молев да издржат - вели мајката.


Нејзините молитви биле услишани и двете сестри се родиле во 27-мата недела од бременоста тежејки по 900 грама. Гордата мајка вели:


Имаат многу цврста врска. Двете се бореа да преживеат, битка која започна уште во матката и ја извојуваа до крај.


Нека се живи и здрави!

 

родителите со близнаците

Среќните родители со ќерките