Повторно чудо: Близначиња родени во 23 недела целосно закрепнати

близначињата се закрепнати

Кога Nichola Baird, во 12 недела од бременоста дознала дека е бремена со близнаци била пресреќна. Но кога била во 23 недела се случило неочекувано да започне породувањето. Никола кога сфатила што се случува ја фатила голема паника. До терминот за породувањето имало уште цели 16 недели.

Бебињата се родиле минатиот септември и биле големи колку една дланка. Тежеле по 460 и 470 грама, 8 пати помалку од просечната родилната тежина.

По породувањето близнаците биле сместени во ненонатален оддел во 2 различни болници, а Никола под итно морала да прими трансфузија на крв, заради големото количество загубена крв.

Едниот близнак - Џејмс, останал во истата болница со неа, а Кајл бил пренесен во друга болница и таа за прв пат го видела дури по 2 недели.

Родителите во безброј прилики слушнале совети да се подготват за најлошото бидејки се случила цела низа компликации.

Заради предвременото породување залистоците на срцето кај двата близнака не биле затворени, па и двајцата биле подложени на операција, но Кајл имал потреба од поголем зафат на срцето.

Мајката вели:

Неможноста да ги прегрнете вашите деца кога ќе се родат беше најлошото чувство, не можевме ниту да ги допреме бидејки нивната кожа беше толку слаба.

Моментот кога за прв пат им било дозволено да ги прегрнат своите деца родителите го опишуваат како: екстра специјален.

Никола вели:

Тие се чудо. Кога гледаме наназад сфаќаме колкава среќа имавме.

Кога имал само 13 дена Џејк поминал низ операција на цревата, а на Кајл му биле дадени 50% шанси да ја преживее операцијата на срце.

 

мајката со едното бебе



Никола вели:

Размислувањето дека ќе ги загубиме за нас воопшто не беше опција.

Работите ги прифаќавме ден по ден и час по час.

После 17 недели поминати во болница, момчињата конечно биле пуштени дома и среќното семејство започнало со нормален живот. Тие сега се во совршен ред, само повремено одат на редовни контроли.
 

Нека се живи и здрави!

целото семејство