Мајка го спасила животот на синот бидејки побарала второ мислење

бебето Ангел

Yesina Torres седи покрај креветчето на едномесечниот син Ангел и ја гледа неговата прекрасна насмевка благодарение на тоа што не била спремна да се откаже од надежта.

Таа вели:

Кога бев бремена во 21-ва недела ми рекоа дека е подобро да ја прекинам бременоста.

Yesina добила таква препорака откако лекарите виделе дека во градите на Ангел расте голема маса. Тие и кажале дека како резултат на тоа веројатно тој нема да може да дише и дека продолжувањето на бременоста можеби ќе го стави на ризик и нејзиниот живот.

Мајката не можејки да се помири со таквиот став, решила да побара второ мислење и за заминала кај Dr. Jane Chueh, стручњак за фетална медицина во Стенфорд.

 

мајката и синот



Лекарката изјавува за ABC11:

На почеткот не знаевме дали ќе биде успешно. Со оглед на просторот кој беше зафатен од лезијата на туморот, не би помислила дека бебето ќе може да преживее... но сепак се сторивме според планот.

Планот беше да се изврши двојна операција, еден дел требаше да биде породувањето и веднаш потоа итно отстранување на туморот.

Двојната операција била извршена во 34-та недела од бременоста.

Се се случило толку брзо што мајката не ни имала прилика да го види синот се додека операцијата не била завршена:

Веднаш штом се роди го однесоа на операција, така да не можев да го видам се до следното утро.

Ангел ја издржал операцијата, а таа следното утро го видела - што значело дека операцијата е успешна.

Операцијата ја извршиле тројца лекари и штом туморот бил изваден, Ангел конечно можел самостојно да го земе првиот здив.

Тој сега дише нормално и лекарите велат дека наскоро ќе замине дома и ќе има нормален живот. Нешто што никој не го очекувал, освен неговата МАЈКА!

Таа вели:

Беше тешко, но си реков можно е, знаете понекогаш лекарите грешат. Се будам и доаѓам кај него, секој ден благодарејки Му на Бог што сме тука.

Лекарите пак, кои му го спасиле животот на бебето велат дека биле пресреќни што можеле да помогнат.