Малиот борец: Бебе близнак се родило после спонтан абортус и киретажа

Мишел со децата

Мишел била скршена кога и кажале дека го загубила бебето во 6 та недела од бременоста. Два дена подоцна и дале медикаменти кои ќе предизвикаат абортус. Таа вели:

Спонтаниот абортус и абортусот беа апсолутно ужасни.

Откако го загубив бебето излегов со прјателките и испив 1,5 шише вино, бев скршена.

И рекле по 10 дена да направи тест за бременост, за да се открие дали останале опасни згрутчувања. Тестот бил позитивен и потоа ја пратиле на киретажа за да ги отстранат остатоците во матката, но на запрепастување на сите, ултразвукот покажал срце кое чука.

 

Меган е насмеано бебе



Мишел вели дека не можела да поверува, но била пресреќна, а во исто време и гневна затоа што лекарите не успеале да го видат бебето пред да и ги дадат медикаментите за абортус:

Тие рекоа дека крвта и згрутчувањата мора да создале сенки и затоа не можеле да ја видат.

Рекоа дека цервиксот мора да се затворил повторно и дека сум благословена. Докторот рече дека во неговите 25 години стаж немал видено нешто слично.

Многу ретко се случува едниот близнак да загине во спонтан абортус, а другиот да преживее, но не и кога се аплицирани средства за абортирање. Се работи за вистинско чудо.

 

целото семејство



Меган вели дека цело семејтво минало низ навистина тежок период, но тоа само ги зближило.

Малата Меган е здраво и силно бебе, а постарите братче и сестриче се пресреќни што ја имаат.