На бебе не му дале никакви шанси дека ќе преживее, но живо и здраво го прославува првиот роденден

лука после раѓањето

Бебе родено во 23 недела од бременоста, противно на лекарските предвидувања сега го прославува својот прв роденден. Кога се родил малиот Лука тежел само 480 грама. Неговата состојба била таква да лекарите ги советувале родителите да ги исклучат машините за подршка на животот, но тие не можеле да го направат тоа.

Мајката Силвија (30) била веќе предупредена да се спреми за најлошото кога и пукнал водењакот во 22 недела - 2 недели пред легалниот термин за абортус во В. Британија. Таа била итно однесена во болница, каде и кажале дека бебето нема да преживее, неговите внатрешни органи ќе бидат слаби и нема да можат да му овозможат заштита од инфекции. Исто така на родителите им кажале дека ако бебето кога ќе се роди тежи помалку од 450 грама, нема да добие никаква медицинска подршка.

Лука се родил по десет дена во 23 недела и бил толку мал и во лоша состојба што лекарите сакале да се откажат од одржувањето на неговиот живот. Кога се родил поминале 6 минути пред да почне да плаче, лекарите им кажале на родителите дека ќе има тешки оштетувања, дека има крварење во мозокот и треба да ги исклучат машините, кои го одржувале во живот.

Парот, кој загубил неродена четворка само еден месец пред Силвија повторно да забремени го одбил тоа, за да му овозможат на синот да се продолжи да се бори.

Лука се покажал како жилав борец и после 4 месеци бил доволно силен за да замине дома. Неговите родители биле предупредени дека можеби ќе има потреба од боци со кислород, во наредните 2 години. Но, на нивна голема радост се покажало дека лекарите погрешиле, а Лука во прослави првиот роденден на 28 Август.

Освен тоа што заостанува за неколку месеци во развојот заради прераното раѓање, Лука нема никакви долгорочни здравствени проблеми. Родителите го нарекуваат чудо.

 

лука со родителите



Мајката вели:

Тој навистина е нашето чудесно мало момче, ние сите го викаме така.

Отако го носите бебето и се спремате да дојде на свет, да ви кажат дека нема да живее едноставно е ужасно.

Лука навистина е мал борец и ние сме толку горди на него.