Обоена плацента на тројка покажува како секое бебе се хранело и зошто најмалото е чудо!

обоената плацента

Мајката на тројка, Sammi Edes, од Мелбурн, која има четири деца ја објави неверојатната фотографија на нејзината плацента. Фотографијата покажува дека преживувањето на нејзиното најмало бебе е вистинско чудо.

Лекарите веднаш штом се родиле бебињата ја обоиле плацентата со различно мастило, од местото каде што било прикачено секое бебе. Тие останале вчудоневидени со преживувањето на најмалото бебе, за кое се утрврдило дека примало многу помалку кислород и хранливи материи.

 

обоена плацента


Цефри и Хантер, чии папочни врвци се обоени со зелена и портокалова боја и плава и бела примале многу поголем дел хранливи материи од Томас, чија папочна врвца е обоена со жолто.

Плацентата е орган кој расте внатре во водењакот и преку неа бебињата се снабдуваат со хранливи материи и кислород. Плацентата ги снабдува бебињата со крв преку папочната врвца.

Терминот за породување бил на 17 Јули, но тројката се родила на 14 Мај. Откако лекарите ја провериле плацентата, тие кажале дека не очекувале дека Томас ќе преживее.
Томас едвам имал пристап до храна, а Џефри и Хантер добивале многу поголем дел.

Кога била во 25-та недела лекарите ја прашале Семи дали сака да го абортира Томас и кажале дека тој можеби ќе предизвика компликации за неговите неродени браќа. Таа вели:


Беше ужасно, но не сакав да изигрувам Бог!


Тројката се родила во 30-та недела од бременоста. Томас тежел само 900 грама, а браќата тежеле по 1250 грама.

 

мајката и Томас



Лекарите кажале дека иако не очекувале дека ќе преживее, тој е чудо и преживеал.

Мајката вели:


Се се случува со причина и сакав на сите мои три момчиња да им дадам најдобра шанса за живот, затоа ја продолжив бременоста.

Сега знам до кој степен беше среќен Томас што преживеа и добро е што се родија во 30-та недела. Ако останеше подолго во мојот стомак дефинитивно ќе починеше.

Сите бебиња се родија здрави и едвај чекам конечно да ги донесам дома за да ја запознаат својата поголема сестра.


Се до ултразвучниот преглед во 20-та недела Семи мислела дека очекува близнаци. На прегледот лекарите го откриле и Томас.

Нека се живи и здрави сите! А Томас е уште еден доказ дека чуда се случуваат и никогаш не е време за откажување од верата и надежта!