Породена од пожарникар на лице место
Евелина Зимничка и нејзиниот сопруг Јарослав на пат кон болница се заглавиле во сообраќајната гужва, заради пожар кој избил во Северен Лондон.
Претходно таа добила контракции дома, но мислела дека породувањето ќе трае многу подолго, бидејки нејзиното прво породување било такво:
Тргнавме со колата, но заради пожарот речиси веднаш се заглавивме во сообраќајот. Двата краја од патот беа затворени, насекаде околу нас имаше противпожарни возила. Мојот сопруг брзо излезе од колата и им кажа на полицајците дека ни е потребна помош.
Пожарникарите направија барикада околу нас и ми помогнаа. Само што се роди бебето стаса и амбулантната кола, точно на време за да ја пресечат папочната врвца. Бев изненадена од тоа колку брзо се роди бебето, беше здраво и речиси веднаш заплака. Пожарникарите беа одлични, не можам доволно да им заблагодарам ни нив, ни на амбулантниот екипаж.
Пожарникарот Рос Мекларен е на сликата лево
Пожарникарот Рос, кој ја породил вели дека кога дошол да и помогне главата на бебето веќе се гледала и дека никогаш не очекувал дека ќе направи нешто такво во животот. Тој уште вели:
Пред некој ден, некој ми рече дека ние пожарникарите влегуваме во животот на луѓето во нивните најлоши моменти, така да тоа што присуствував на радосна прилика е навистина убава промена.