После 4 спонтани абортуси се откажала од помислата за семејство, сега е мајка на природно зачната четворка

Откако претрпеле 4 трауматични абортуси Грејс и Џемс Слатери се помириле со фактот дека никогаш нема да можат да имаат деца. Сега тие се спремаат да го прослават првиот Божик со своите четири бебиња.

 

мајката и четворката


После болката од четирите спонтани абортуси брачниот пар решил да не се подложува на ин витро третмани и се откажале од сонот за заедничко дете.

Тогаш се случило најнеочекуваното нешто, Грејс забременила со четворка.

Бебињата се родиле со царски рез кога Грејс била во 32 недела. Едната ќеркичка, Амелија, имала вроден дефект и таа е двојно чудо. По нејзиното раѓање лекарите рекле дека ќе живее само неколку часа, имала дупка на дијафрагмата - што овозможувало стомачната содржина да може да се движи во градниот кош. Била премногу мала за да ја оперираат, но сепак се случило чудо и таа ја преживеала операцијата.

 

четворката



Лекарите велат дека четворката е Божикно чудо!

Пријателите и семејството веќе ги опсипале бебињата со подароци, тие веќе имаат и ЦД со Божикни песни, кои сакат да ги слушаат и ги смируваат.

Грејс вели дека многу жени доживеале повеќекратни спонтани абортуси и причината не може да се најде, но потребна им е подршка за да се не откажат.

Кога Грејс останала бремена, таа и сопругот заради претходните спонтани абортуси биле цинични. На првиот ултразвучен преглед очекувале дека ќе им кажат дека изгубиле уште едно бебе. Но, не само што се потврдило дека се е во ред со бременоста, се покажале 4 бебиња.

Грејс вели:

Си заминавме со испомешани емоции, бидејки во основа ни рекоа деа четворките вообичано не преживуваат.

 

четирите бебиња


Сепак, четворката не само што преживеала, туку одлично напредува.

Нека се живи и здрави!