Суперфит мајка вежба користејки ги децата како тежина

мајката вежба со децата

Kimberley Welman (31), мајка на три деца стана фитнес сеназција. Таа ги користи количките на децата како опрема за вежбање, а децата како тегови. Кимберли признава дека не е ниту нутриционист, ниту професионален тренер, туку вежбите ги работи врз основа на своето искуство и сака да ги инспирира другите мајки, кои немаат време за вежбање.

 

мајка вежба со близнаците



Таа вели дека се почнало случајно, кога нејзините деца (сега веќе 3 годишната ќеркичка и 18 месечните близнаци почнале да се качуваат по неа, додека си играат:


Ќе ги однесев надвор за да имаат активности, но тие се разбира само сакаа да скокаат околку мене и да се качуваат врз мене.

Тогаш помислив, ако ова е тоа што сакаат да го прават, тогаш нека биде така. Додека правев чучњеви ќе го седнев едното од нив во скут, додека правев стомачни вежби ќе го ставев едното на мојот стомак. Додека вежбав мечкино лазење, ќе се качеа на мојот грб.

Забавно е. Во глобала јас само ги правам моите вежби, а децата сами наоѓаат начин да ми се придружат.

Мислам дека не можете да згрешите ако сте надвор, на свеж воздух, движејки го вашето тело и имајки во исто време интеракција со вашите деца.

Погоемиот дел од времето се мине дома. Ги земам децата секое утро надвор од куќата за да имаме забавни активности.

Поголемиот дел од денот, хранењата, играњето, работата и спиењето се мине дома.

 

вежба

 

 

мајка и деца - вежбање и забава

 

 

вежбање со количка

Кимберли им препорачува на другите мајки да побараат професионален совет за да ги научат основите вежби и потоа да импровизираат со децата дома.