Уникатната поврзаност помеѓу детето и мајката

мајка и дете

Во мал експеримент кој вклучил 6 мајки и нивните деца уште еднаш се покажала единствената поврзаност помеѓу децата и мајките. Она што започнало во стомакот на мајката, трае и понатаму во животот.

На децата им била ставена марама преку очите, а потоа биле однесени до групата од жени. Децата на возраст од 3-9 години со заврзани очи, користејки ги своите сетила и интуиција ја пронаоѓаат својата мајка. Се разбира, емоциите се огромни и солзите не изостануваат.