Спермициди и дијафрагма

Спермициди

Спермицидите се супстанции кои ги убаиваат сперматозоидите кога ќе дојдат во допир со нив. Вообичаено се користат за да ја зголемат ефикасноста на контрацептивните бариерни средства како: кондоми, дијафрагми и сл. Најчеста активна материја која се користи како спермицид е ноноксинол-9, за кој се покажа дека во извесна мера ја зголемува можноста за заразување со СИДА заради што прави ситни оштетувања на ѕидот на вагината. Кога се користат во комбинација со бариерни средства (кондом, дијафрагма и сл.) спермицидите нудат голема заштита од несакана бременост. Кога се користат пак само спермицидни креми (без бариерни средства) ефикасноста е помала и се движи од 79-94%. Некои спермициди почнуваат со дејство веднаш по апликацијата, а за други е потребно да помине 5-15 минути додека да почнат да дејствуваат.
Позитивни страни:

  • Висока ефикасност кога се употребуваат во комбинација со бариерни средства за контрацепција.
  • Лесни се за употреба, со апликатор се внесуваат длабоко во вагината.

Нудат извесна заштита против некои полово преносливи болести.
Негативни страни:

  • Кога се користат сами, нудат ограничена ефикасност.

Дијафрагма

Дијафрагмата е гумено средство, кое се става на цервиксот - отворот на матката. Работи на тој принцип што го спречува навлегувањето на сперматозоидите во матката. Големината на дијаграгмата треба да ја одреди вашиот лекар. На секои 1-2 години треба да се прави лекарска контрола за да се провери дали се уште одговара нејзината големина. Контроли треба да се прават и во случај на значително зголемување или намалување на тежината, како и во случај во меѓувреме да дошло до бременост. Кога се употребува правилно успешноста на дијафрагмата како контрацептивно средство е 86-94%.
Позитивни страни:

  • Може да се стави до 6 часа пред односот, но спермицидот треба да се става на секои 2 часа.
  • Жената има контрола врз носењето на дијафрагмата.
  • Кога се користи идеално има 94% успешност во избегнување на несакана бременост.
  • Бидејки не се вклучени хормони, нема несакани последици во смисла на нивно нарушување.
  • Не влијае врз плодноста во иднина.
  • Не мора по ејакулацијата веднаш да се прекинува контактот.
  • Може да се употребува и од жени кои дојат, кога цервиксот ќе се врати во првобитниот облик.

Негативни страни:

  • Ги зголемува шансите за уринарна или габична инфекција.
  • Некои жени имаат потешкотии при нејзиното ставање или пак не сакаат да се допираат на интимните делови.
  • Не смее да се извади барем 6 часа после односот.
  • Ако се остави премногу долго (над 48 часа) може да дојде до сериозен, така наречен синдром на токсичен шок.
  • Мора гинеколог да ви ја препише соодветната големина и потоа можеби ќе треба да набавите нова ако се промени големината на цервиксот.