Природна контрацепција

Избегнување на плодните денови - природна контрацепција

Овој вид на контрацепција е поефикасен кај жени кои имаат редовни менструални циклуси, ако жената има циклус кој не може да се предвиди, методата ќе нема ефикасност. Природната контрацепција се базира врз неколку факти поврзани со оплодувањето:

  • Овулацијата, односно ослободувањето на зрелата и способна за оплодување јајце клетка се случува вообичаено 14 дена пред жената да добие менструација. Јајце клетката е способна за оплодување 24 часа од случувањето на овулацијата.
  • Кај жени со циклус од 28 дена, овулацијата најверојатно ќе биде на 14-иот ден од почетокот на менструацијата (28 дена минус 14), кај жени со 32-дневен циклус - овулацијата најверојатно ќе биде на 18-тиот ден (32 дена минус 14) итн. Постојат и калкулатори кои можат да приближно да го израчунаат денот на овулацијата, базирано на календарската метода - КАЛКУЛАТОР ЗА ПЛОДНИ ДЕНОВИ
  • Во време на плодните денови жената најчесто има слузав вагинален исцедок, тоа е еден од знаците по кои ќе може да ги увиди нејзините плодни денови.
  • Сперматозоидите се способни да преживаеат во утробата на жената до 5 дена (а понекогаш и до 7), значи за да се избегне бременост треба да се избегнуваат сексуални односи 1 недела пред претпоставениот ден на овулацијата. Со сексуални односи парот може да продолжи 2 дена по овулацијата. Или пак во плодните денови да користи кондоми.
  • На следниот линк ќе можете да прочитате повеќе за следењето на знаците на овулацијата:   ЗНАЦИТЕ НА ОВУЛАЦИЈА. Еве нешто повеќе околу самиот механизам на ОВУЛАЦИЈАТА.

Нејзината ефикасност варира:

  • Вообичаената ефиксаност се движи од 77-88%.
  • При совршено придржување за методата, ефикасноста изнесува околу 95-98%.
  • Истата метода може да ја користат и парови кои сакаат да зачнат, само наместо да ги избегнуваат сексуалните односи во дадениот период, тие ќе внимаваат тогаш да бидат сексуално активни.

Позитивни страни:

  • Не се користат хормонални средства.
  • Нема никакви несакани нуспојави.
  • Не влијае на плодноста на партнерите во иднина.
  • Не се потребни никакви финансиски издатоци.

Негативни страни:

  • Методата бара дисциплина и соработка од двата партнера.
  • Жената треба да има редовен циклус, за да може да се предвиди овулацијата.
  • Жената треба да биде свесна за промените во нејзиното тело за време на овулацијата и плодните денови.

 

Апстиненција

На крајот ќе ја спомнеме и апстиненцијата, единствениот 100% сигурен метод за заштита од полово преносливи болести и несакана бременост.

 

ВАЖНО: Aбортусот не е контрацепција. Абортусот е прекин на веќе започната бременост и прекинат живот на едно бебенце. Последиците кои ги остава се навистина тешки. На следниот линк можете да прочитате за неговите Последици врз здравјето на жената.