Мајка

Честитки за новата мама!

Вашата бременост заврши и вие сте наградени со вашето бебенце и Вашата нова титула: мама.

Вашето тело се опоравува од породувањето и почнува да се враќа во претходната форма, учите како да се грижите за бебето и сето тоа бара многу напори.

Но мајките имаат скриен извор на сила, од Бога даден.

Љубовта кон бебето ќе ви дава сила во сите предизвици. Она што ќе го вложите сега во Вашето дете, ќе остави јасни траги низ целиот негов живиот, а со тоа и низ животите на други луѓе, па колку чудно и да звучи и во наредните генерации.

Со "модерниот" начин на живот улогата на мајката е потценета. Но таа е толку скапоцена и важна. Се смета дека успешна жена е онаа која изградила кариера и тоа е во ред. Но исто толку успешна жена е и таа која се посветила на своето дете и подигнала човек.

Во никој случај не ја исклучуваме важноста на улогата на таткото, двајцата родители не незаменливи, но темава е посветена на мајката и сакаме да ја потенцираме нејзината огромна важност и скапоценост. Верувајте дека љубовта која сега Вие му ја пружате на Вашето дете е незаменлива, ќе го следи и ќе му дава сигурност во текот на целиот негов живот, па и кога ќе биде далеку од Вас.

Уживајте целосно во Вашата улога на мајка и во Вашето бебе, тоа што го имате сега е уникатно и неповторливо.

Еве само неколку познати цитати за улогата на мајката.

"Се што сум или се надевам дека ќе бидам, и го должам на мојата ангел - мајка." -- Abraham Lincoln (1809-1865)

"Од сите права на жената, најголемото е да биде мајка." -- Lin Yutang

"Срцето на мајката е длабока бездна, на чие дно секогаш ќе најдете прошка." -- Honore' de Balzac (1799-1850)

"Срцето на мајката е училница за нејзиното дете." -- Henry Ward Beecher (1813-1887)

"Се сеќавам на молитвите на мојата мајка и тие секогаш ме следеа. Тие беа прилепени за мене, целиот мој живот." -- Abraham Lincoln (1809-1865)

"Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка." --Непознат автор

"Една добра мајка вреди колку стотина учители."  ~George Herbert

"Нема ништо како прегратката на мајката."  ~Terri Guillemets

"Мајчината љубов е мир. Нема потреба да се стекне, нема потреба да се заработи."  ~Erich Fromm

"Едно мало девојче кога го прашале каде е неговиот дом одговорило, "каде што е мајката."  ~Keith L. Brooks