На мајка и е преку глава од фотошопираните фотографии со доење
Фотографката Suzie Blake, која и самата е мајка на 2 деца решила да го прикаже доењето такво какво што е, придружено со уморни ненашминкани очи, неред наоколу, деца кои трчаат и се она што се случува во секојдневниот живот на една мајка.
Таа вели дека била уморна од фотошопираните слики, кои не ја прикажуваат реалноста на поголемиот број на жени, па решила да фотографира жени во нивните домови, каде точно ќе ја долови реалноста на доењето.
Сузи вели дека жените треба да се охрабрат да не се обидуваат да постигнат некакви наметнати барања, како и тоа дека доењето во јавност треба да се прифати такво какво што е: нешто совршено нормално.









