Супермоделот Миранда Кер го дои синот на пауза од фото сесијa

 

Супермоделот на Victoria's secret - Миранда Кер, се врати на работа само 2 месеци по раѓањето на нејзiниот син, но таа не сака нејзината работа да ја спречи во нејзината мајчинска улога.

 

На пауза

 

Кер на Твитер објави фотографија, на која го дои бебето, додека седи во стол за шминкање.

Исто така и првата нејзина објавена фотографија по породувњето беше како го дои новороденчето. Таа вели дека тоа е една од првите фотографии, кои ги направил Орландо Блум (нејзиниот сопруг) и дека многу им се допаднала, па решиле да ја споделат со другите.

Миранда вели дека за неа доењето е најприродната работа на светот и таа стана негов адвокат.

 

Првата објавена фотографија по породувањето

 

Таа додава:

 

Планирам да дојам колку можам подолго.

 

На фотосесија во Малибу ги покажа нејзините пост труднички облини, а многумина велат дека сега е поубава од било кога.