Оскаровката Џенифер Лоренс против одвратната култура на гледањето на младите жени како на сексуални објекти
Оскаровката Џенифер Лоренс (23), која синоќа присуствуваше на премиерата на нејзиниот најнов филм Hunger Games: Catching Fire, изјави дека сексуализацијата на младите жени е веќе толку многу распространета и дека тоа ретко се оспорува од страна на женските изведувачи.
Младата оскаровка во елегантна креација на Диор
На прашањето, за примерот кој го остави Мајли Сајрус (20) таа изјави :
Тоа е дел од забавната индустрија која продава. Сексот се продава, а заради некои одвратни причина младиот секс се продава уште повеќе.
Џенифер за себе вели дека додека глуми во филмови кои се однесуваат на младите девојки, таа ќе направи свесна одлука да остави добар пример и дека се надева дека нејзиниот лик на Кетис ќе ги потикне младите жени да ја вреднуваат силата на карактерот, пред изгледот.
Мајли Сајрус на МТВ ЕМА наградите
Двете девојки се на приближно иста возраст и ретко кога не се во центар на вниманието, но на одговорноста која ја имаат во поставувањето на пример за младите девојки и пристапуваат дијаметрално спротивно.
Џенифер својата награда ја подигна облечена во елегантен фустан од Диор, како целосна спротивност на она што се обидува да го промовира Мајли и за жал многу нејзини колешки.
Netmums веќе направи анкета на 1500 родители, и огромен дел од нив го покажаа својот револт заради негативното влијание на поп пејачките како Мајли, Ријана, Лејди Гага и сл. врз нивните деца.
Основачката на Netmums - Siobhan Freegard, вели:
Современите родители не се наивни, тие знаат дека сексот продава. Но има силно чувство дека работите се отидени предалеку.
Токсично е да им кажете на младите деца дека случаен секс и насилство се нешто кон што треба да се стремат. Ако некоја ѕвезда сака да пренесе порака, зошто не го употребат нивниот мозок, а не телото