Дита Фон Тис со нова колекција на мајчински долен веш

прслук за доење

Гламурозната ѕвезда и креатор на долна облека Дита фон Тис (41) реши мајчинскиот долен веш да го направи многу посекси. Таа сака да им понуди на новите мајки долен веш кој ќе биде стилски, но воедно и практичен.

Идејата, која стои зад колекцијата е да им ги врати на мајките стилот и довербата, кои често пати како да заминуваат низ прозор кога ќе дојде бебето.

Колкецијата на Дита е практична за доење (градниците се така направени да овозможуваат лесно доење), а гаќичките се со дополнителна подршка.

Дита изјавува:

Елегантните мидери се едноставен начин да креирате секојдневи моменти на луксуз и убавина, и зошто новата мајка не би уживала исто така во убав веш?

Колекцијата која ја создадов, со дестинација Мајчинство е дизајнирана за да го долови духот на ретро гламурот, додека испирира доверба и ги задоволува практичните барања на секојдневните потреби на новата мајка.
 

Разни: