Џесика Алба: Бременоста е време на мајчинство, а не е секси време

 

Џесика Алба го очекува своето второ дете оваа година, таа вели дека се чувствува чувствува добро - иако не секси.

Јас не ја поврзувам бременоста со тоа да биде секси, изјави актерката, која веќе ја има 2 и пол годишната ќерка Онор Мери.

"Мислам дека бременоста ве приземјува и се чувствувате како дел од земјата и се поврзувате со жените. Тоа не е нешто секси за мене. Тоа е приземјувње, нешто мајчинско."

 
Ќерката Онор ќе биде многу внимателна постара сестра, вели Алба за свето дете, додека седи во нејзиниот скут.

 

 

 Џесика и Онор

На прашањето дали го знае полот на бебето, актерката одговара:

Ќе го дознаеме, но најверојатно нема да го објавиме. Исто како што направивме со Онор.

Алба е во брак со  Кеш Ворен, за кој вели дека е полн со поддршка, љубов и најголема грижливост. Таа признава дека вториот пат е "помалку застрашувачки"

"Мора да прифатите дека ќе правите грешки, дека ќе дадете се од себе и дека ќе ги сакате со се што имате, вели Алба. "Тоа е се што можете да направите."