Мел Би се обидува на природен начин да го индуцира породувањето

Мел Би, 36-годишната бивша Спајс девојка, која го очекува своето трето дете, открива дека прави се што може, вклучувајќи јадење на зачинета храна, да се осигура дека бебето ќе пристигне оваа недела.


 

Пристигнувањето на бебето се очекува секој ден

 


Таа изјави:
 


Се слушнав со мојот лекар по телефон и тој ми даде некои ултиматуми, што е добро.

Тоа доаѓа оваа недела, на еден или друг начин - доаѓа оваа недела.
 


Ѕвездата се обидува со различни активности да предизвика породување, вклучувајки вежбање, јадење зачинета храна и уште една добро позната тактика: секс.
 


Идеално би сакала да пристигне природно, продолжува Мел Б.

Но, јас се обидов со сè, Пробав зачинета храна, трчање, секс... Се чини дека е заглавено и хибернира таму, станувајки се поголемо и поголемо, така да сигурно е дека ќе пристигне оваа недела.
 


Поп ѕвездата го очекува новиот член на семејството со сопругот Стивен Белафонте, со кого се омажи во Лас Вегас во 2007 година.

 

Мел Би со ќерките Ејнџел и Феникс Чи



Пеачката веќе има две ќерки: 12-годишната Феникс Чи и четири-годишната Ејнџел Ирис.

Стивен, исто така има ќерка од претходната врска, шест-годишната Жизел.
 

 

Парот со своите три ќерки


Семејството живее во Лос Анџелес со своите ќерки.

Парот одлучи да го остави полот на нероденото бебе како изненадување, изјавувајќи претходно:
 


Убаво е да оставите нешто за да се изненадите самите себе.