Мила Кунис за линијата по породувањето и мајчинството
Познатата актерка во Октомври ја роди ќеркичката Вајат. Во средата се појави во The Late Late Show, каде разговара за мајчинството, останувањето дома, линијата итн.
Мила Кунис навистина изгледа прекрасно, на прашањето како го постигнува тоа, таа одговара дека заслугата за тоа му ја дава на доењето. Вели дека доењето е супер вежба.
Таа уште вели дека не се чувстува многу уморна, веројатно затоа што јаде многу, но тоа не и паѓа тешко бидејки секако се храни со здрава храна.
Мила уште додава дека е среќна што после породувањето можела да си дозволи да остане дома со ќеркичката, смета дека можноста да остане со неа е вистински благослов и дека е свесна дека многу жени ја немаат таа привилегија и мораат да се вратат на работа.
Што се однесува до грижата за Вајат кога ќе дојде во тинејџерски години, таа вели дека тоа не е нејзин проблем. За тинејџерските проблеми се задолжени татковците. Значи топката е префрлена кај Ештон Качер.