Викторија Бекам и Ема Бантон си разменуваат совети за бебињата

Emma Bunton,35, изјави дека таа и екс-Спајс колешката Викторија Бекам постојано си разменуваат совети за бебињата, кои се само неколку недели разлика.
    

Штом ќе можеме, ќе се сретнеме, но во моментов комуницираме преку е-маил пораки, изјави Ема за списанието Hello!.

Ema живее во Велика Британија, додека г-ѓа Бекам го роди четвртото дете - ќерката Харпер Севн, пред две недели во Лос Анџелес.

 

Викторија со Харпер Севн

Разменивме некои совети и слики и ја споделуваме нашата возбуда, додава Бантон, која исто така е мајка на три-годишниот син Бо, со партнерот Џејд Џонс, 32.

Ема изјави дека таа одржува силни врски со нејзините поранешни бенд пријателки - особено сега, откако станаа мајки.

Првите букети кои влегоа низ вратата, беа од Викторија, Гери (Халивел) и Мел Ц, тие стасаа со мали белешки, а тоа е секогаш посебно за мене, да ги добијам од девојките.

Нашиот однос секогаш ќе биде посебен. Сега нашите деца се исто така пријатели. Како што растат, ќе биде прекрасно да ги гледаш сите, на различни нивоа од нивните животи.

 

Ема со Тејт

Бантон го роди Тејт во Лондон, на 6 мај и изјави дека таа и Џонс и плачеле кога го земале во раце.

Таа рече:
 

Имаме само една фотогрфија од нас тројцата: Тејт е во моите раце, јас имам солзи на лицето, додека Џејд ме бакнува и му течат солзи. Тоа беше многу емотивно!
 

Ема Бантон претходно зборуваше за нејзиниот страв дека никогаш нема да може да зачне, откако на 25 - годишна возраст, и била дијагностицирана ендометриоза.

Се сеќавам на лекарот кој ми рече:

Педесет проценти од жените со ендометриоза можат да имаат деца. Си помислив, само 50 проценти ... Бев преплашена.

Толку долго време бев загрижена дека нема да можам да бидам мајка.

 

Засекогаш пријателки