Домашен чоколаден сируп
Едноставен рецепт за домашен чоколаден сируп без дополнителни адитиви, од кој подоцна брзо ќе можете да правите чоколадно млеко.
Потребно:
- 1 шол вода
- 2/3 шол какао во прав
- 1 шол шеќер
- 1 Кафена лажичка екстракт од ванила
- малку сол
- по желба можете да додадете и малку цимет
Упатство:
Во тенџере со средна големина измешајте ги водата, какаото и шеќерот и варете ги на оган со средна јачина. Кога ќе зоврие смесата, можете да ја намалите температурата и да продолжите со варењето, со остојано мешање за да не загори. Варете се додека сирупот не стане малку густ, обично се потребни 5-8 минути.
Ставете го екстрактот од ванила, малку сол и оставете настрана за да се олади.
Кога сирупот ќе се олади ставете го во стаклен сад и чувајте го во фрижидер.
Кога ќе сакате да направите чоколадно млеко само додадете од сирупот во млекото, измешајте и уживајте.