Границите на љубовта

раце

После разводот нејзината ќерка тинејџер станала многу бунтовна. Тоа кулминирало кога една ноќ и се јавиле од полициската станица за да дојде и да ја земе својата ќерка. Ќерката била уапсена заради возење во пијана состојба.

Мајката и ќерката не прозбореле се до попладнето следниот ден.

Мајката ја скршила тензијата и и дала на ќерката спакуван подарок во мало кутивче.

Нејзината ќерка ноншалантно ја отворила кутијата и открила внатре мало парче од карпа.

Ги превртела очите и рекла: "Колку слатко мамо, за што е ова?"

"Еве ја картичката", одговорила мајката.

Нејзината ќерка ја извадила картичката од пликот, почнала да ја чита и да и течат солзи по образите.

Станала, силно ја прегрнала мајката, додека картичката паѓала на подот.

На картичката пишувало.

"Оваа карпа е стара илјадници години. Толку време ќе треба да помине пред да се откажам од тебе!"

___________________

Понекогаш нашите деца ќе го скршат нашето срце, но никогаш нема да излезат од него.

Мајката останува мајка, без разлика на околоностите. Не се откажува ниту пред препреките, ниту пред бурите. Такви се границите на нејзината безусловна љубов.