Семејното насилство остава печат врз гените на децата
Децата кои живеаат во домови со насилство и трауми, имаат значително пократки теломери - кои пак се клеточни маркери за стареењето. Студија на Универзитетот во Тулан покажува дека домашната средина е важна за намалување на негативното биолошко влијание врз живототите на малите деца.
Нивотото на стресори во семејството, како повреда на некој член од семејството, создава околинoсти кои влијаат врз самата ДНК во клетките на децата, вели водачот на студијата Др. Stacy Drury.
Колку семејството во кое живее детето е поподложно на семејно насилнство и трауми, толку е поголема веројатноста дека децата ќе носат лузни - кои продираат до нивната ДНК.
Теломерите се наоѓаат на крајот од хромозомите и ги штитат од собирање кога се делат клетките. Пократките теломери се поврзани со повисок ризик за срцеви заболувања, дебелина, когнитивно намалување, дијабетес, ментални заболувања и слабо здравје во зрели години.
Истражувачите земале генетски материјал од 80 деца, на возраст од 5-15 години и ги интервјуирале нивните родители за домашната средина и изложеноста на негативни животни настани.
Колку бил поголем бројот на изложеност на стесни ситуаци кај децата, толку биле пократки теломерите. Ова се покажало после контролата на многу други фактори, како: социоекономскиот статус, образованието на мајката, возраста на родителите и возраста на децата.
Студијата покажала дека полот имал влијание врз семејната нестабилност. Трауматските случувања биле поштетни за девојчињата и тие имале поголема веројатност дека ќе имаат пократки теломери. Имало и еден изненадувачки позитивен ефект за момчињата, а тоа биле мајки со повисоко образование - но ова важело само за момчиња помали од 10 години.
На крај, студијата сугерира дека е важно да се интервенира за да се намали биолошкото влијание на негативните случувања врз животите на малите деца.