Како да ги направите прошетките попримамливи за детето

Прошетките се многу важни за физичкото и менталното здравје на децата и целото семејство, овозможувајки им прекрасни заеднички моменти. Некои деца сепак не сакаат многу да шетаат, еве неколку совети како да им ја направите прошетката попримамлива:


Обидете се да направите идејата за прошетката да звучи примамливо
 

Наместо да речете "ајде да шетаме", кажете "ајде да одиме да истражуваме", на пример во паркот. Ако активностите кои треба да ги направите со децата ги прикажете како игра, тие полесно ќе ги прифатат.


Одберете интересно место за шетање


Внимателно одберете го местото. Имајте во предвид дека долгите и прави патеки најчесто се досадни. Децата сакаат места на кои има многу нешта за гледање и играње.


Облечете го детето соодветно


Осигурајте се дека имате одбрано соодветни чевли за прошетка, треба да бидат удобни и да не му создаваат на детето нелагодност. Истото важи и за облеката, нека биде памучна, широка и нека не му биде на детето ниту жешко, ниту ладно. Внимавајте и на тоа облеката за прошетка да биде таква да детето може слободно да трча и да си игра, наместо да пази дали ќе ја упропасти. За да му биде поинтересно можете да му дадете мало ранче, во кое ќе може да собере предемети од природата или нешто што ќе сака да носи.


Немојте да брзате


Многу лошо е кога родителот оди пред детето и постојано му се дере да оди побрзо. Одете со таа брзина која му одговара на детето.


Измислувајте игри
 

Измислувајте приказни, играјте со детето и обидете се да му го направите доживувањето што поинтересно.