Родителите се загрижени заради влијанието на поп ѕвездите врз нивните деца

Повеќе од 80% од родителите ги фатиле децата како повторуваат вулгарни стихови или играат со движења во "порно стил" , како резултат на изложеноста на поп музиката.

Децата се изложени и охрабрени на прерана сексуализација.

Три четвртини од родителите прават напори да ги зашитат своите деца од вулгарните слики, промовирани од пеајчките, но не успеваат.

Видеата можат да се видат на спектакли што се сместени во семејна категорија.

Ова се резултатите на анкета во В. Британија.

 

Пораката на Ријана


Повеќе од 80% од родителите ги фатиле децата како повторуваат вулгарни стихови, чие значење не го ни знаат. Со поплавата од сексуални и насилни слики, повеќе од половина деца на 10 годишна возраст веќе го знаат значењето на вулгарните и насилни фрази.

 

Мајли целосно раскрсти со Хана Монтана


Еден од 13 родители го фатил своето дете како ги изведува вулгарните "твиркинг" движења на Мајли Сајрус од MTV Video Music Awards.

Поп пејачките ги туркаат девојчињата во прерана сексуализација, според две третини од анкетираните родители. А исто толкав процент изјавиле дека момчињата имаат нереалистични очекувања дека жените треба да имаат тело како порно ѕвезда.


Една четвртина рекле дека момчињата мислат дека жените сакаат мажи, кои се со насилничка и гангстерска култура.

Порнификацијата на поп музиката има толку големо влијание и е вклучена во животот на децата, што тоа се гледа од фактот дека една третина од родителите ги виделе своите деца како прават движења во "порно стил".

 



Две третини од родителите изјавиле дека децата се изложени на нездрави слики од емисии како X Factor, што покажува дека ТВ каналите и регулаторите не се во чекор со вредностите на обичната публика.

Лејди Гага предизвика жалби со појавувањето на X Factor, провактивно играјки во долен веш. Но одговорот од телевизијата беше дека нејзината изведба не била неприлкадна за семејно гледање. Слични поплаки од родителите имаше и претходно од изведбите на Ријана и Кристина Агилера.

Големината на проблемот се откри при онлајн анкета на повеќе од 1500 членови на Netmums, чии деца биле до 16 години возраст.

Речиси 9 од 10 родители се жалат дека поп ѕвездите се многу поексплицитни од оние во нивната младост.

Ѕвездите како Мајли, Ријана и Лејди Гага испраќаат негативни пораки до младите. Младите девојки учат дека треба да го покажат телото и да бидат сексуални за да бидат приметени.

Повеќе од половина родители велат дека тие повеќе се однесуваат како порно ѕвезди, а една четвртина од родителите верува дека артистите, особено женските пејачки се експлоатирани од музичкиот бизнис.

 

Мајли на МТВ ЕМА наградите


Само 2% од родителите се согласиле со нивното однесување.

Основачката на Netmums - Siobhan Freegard, вели:

Современите родители не се наивни, тие знаат дека сексот продава. Но има силно чувство дека работите се отидени предалеку.

Токсично е да им кажете на младите деца дека случаен секс и насилство се нешто кон што треба да се стремат. Ако некоја ѕвезда сака да пренесе порака, зошто не го употребат нивниот мозок, а не телото