Со исхрана до пoголеми шанси за татковство

Мажите можат да ја заштитат нивната плодност од ефектите на стареење со едноставни промени во исхраната.

Мажите кои имаат над 40 годнини можат со исхрана богата со Ц витамин, Е витамин, цинк и фолати да ги зголемат нивните шанси за татковство.

Исхраната која е богата со овошје, зеленчук, риба и јаткасти плодови помогнала за помало ДНК оштетување на спермата кај мажите кои се хранеле на таков начин, во споредба со оние кои ги избегнувале овие продукти.

Научниците од Калифорнија тврдат дека оваа храна е клучна.

Претходни истражувања покажаа дека со стареењето кај мажите се зголемуваат шансите за фрагментација на ДНК и реаранжирање на спермата. Тоа може да придонесе за неплодност или зачнување на деца со недостатоци.

Исхраната пак која е богата со Ц, Е витамин, цинк и фолати може да ја заштити ДНК, особено кај оние кои се постари од 40 години.

Професор Simon Fishel - еден од водечките светски специјалисти за плодност вели дека мажите кои се борат да станат татковци не треба да ја потценат важноста на исхраната.

Исхраната може да има добри и лоши ефекти. Така наречените слободни радикали можат да ги оштетат клетките и можат да се концентрираат во тестисите.

Некои хранливи елементи пак, како Ц витаминот приман преку исхраната или како суплемент можат да ги отстранат и да ја спречат штетата. Други пак, како цинкот играат улога во интегритетот на спремата.

Но, она што го јадеме може да биде и штетно. Елементите кои се слични на естроген, а влегле во ланецот на исхраната можат штетно да влијаат врз развојот на спермата.

Последната студија покажа дека кај мажите кои се постари од 44 годни, а имале највисоки примања на Ц витамин кој се наоѓа во портокалите, пиперките, јагодите, броколи, компири итн. имале 20% помало оштетување на спермата, од оние што не јаделе таква храна.

Слична била ситуацијата со примањето на цинк кој се наоѓа во рибата и школките, Е витамин кој се наоѓа во јаткастите плодови и фолатите кои се наоѓаат во лиснатиот зеленчук.

На идните таткови им се препорачува да внесуваат преку исхраната  повеќе овошје, зеленчук, риба и јаткасти плодови.