Андреа Бочели зборува за животот и неговата мајка која била доволно храбра да го роди

Познатиот опера и поп пејач Андреа Бочели во неодамнешно интервју за The Telegraph раскажа за тоа дека неговата мајка била под притисок да го абортира. За време на бременоста таа се соочила со напад на апендицитис, лекарите и кажале дека бебето ќе биде со оштетување и дека нивна препорака е да абортира.

Андреа Бочели се родил со вроден глауком и на возраст од 12 години веќе бил целосно слеп. Што се однесува до одлуката на неговата мајка да им се спротивстави на лекарите и да го роди, тој вели:

 

Можеби сум партизан, но можам да кажам дека тоа бил правилен избор.

 

 

 

Во еден дел од интервјуто тој вели:

 

Прашавте за мојата религиозност и ви кажав дека сум многу религиозен. Тоа значи дека пред да почнам да се борам против нешто, јас се обидувам да го разберам и да се борам за нештото.

Не е христијански да одите против некого, јас сум поборник на животот.

 

Потоа тој објаснува дека зборува директно за прашањето на абортусот:

 

Се разбира дека лично не ја подржувам идејата за прекинување на животот, по избор. Но не можам да бидам судија на оние кои ќе одлучат поинаку. Колку што можам давам пример, се обидувам да бидам  модел, верувам дека ова е единствениот начин.

 

Минатата година за еден свој пријател, свештеник Бочели сними кратко видео во кое низ песна ја опишува ситуацијата околу неговото раѓање: