Бебе кое не дишело 17 минути после раѓањето, избегнало оштетување на мозокот

Мало девојче, кое не дишело 17 минути по раѓањето е спасено со помош на третман со ладење.

Во текот на раѓањето на бебето Sophie Fleet, се случиле компликации и проголтаните течности предизвикале блокада во нејзините дишни патишта, што го изложило нејзиниот мозок на недостаток од кислород.

Софи на 4 недели одлично напредува, на сликата е со среќните родители

 

За да се избегне трајно оштетување на мозокот на Софи - заради изгладнувањето на мозокот со кислорот, лекарите решиле да го изладат нејзиното тело на 33,5 степени целзиусови, со што би се сопрело отекувањето на мозокот.

Толку ниската температура на телото, доведува до хипотермија, но во контролирани услови помага да се намали притисокотот во мозокот, овозможувајќи му да се опорави од повредата.

Софи морала да биде облечена во посебен костум "фрижидер", кој бил полн со вода, за да го одржува ладно нејзиното тело.

Нејзините родители не можеле да ја земат во раце шест дена и морале да чекаат скенирањето да го покаже обемот на оштетување на мозокот.

Тие велат дека првите неколку дена од нејзиниот живот биле кошмар.
 

Малата Софи додека била во костумот за ладење


 
Таткото Каин (35) вели:
 


Тоа беше навистина вознемирувачко. Софи не започна да дише и нејзиниот мозок почна да отекува.

Тие ја однесоа откако таа се роди и тогаш некој ни кажа дека го ладат нејзиното тело. Ние никогаш претходно немавме слушнато за таков третман.

Хипотермијата е прилично опасна. Бевме воодушевени што тие можеа да ја користат на контролиран начин, за таа да оздрави. Тоа е неверојатно.

Докторите мораа да работи на неа седум часа, пред нам да ни биде дозволено да ја видиме, а поминаа уште шест дена пред да можеме да ја прегрнеме.

Откако ја стабилизираа, специјалистот ни објасни што направиле, за да не бидеме во преголема паника заради сите машини со кои ја надгледуваа и цевки кои влегуваа во неа.

Тие ни објаснија дека мораат да ја симнатт температурата до 33,5 степени и да ја стават во индуцирана хипотермија во текот на 72 часа, за да се спречи натамошното отекување и оштетување на мозокот.

Тоа беше најтрауматичниот период за мене. Никогаш немав почувствувано толку ладно бебе.
 

 


Мајката Наташа (26) вели:
 


Кога се роди Софи, јас не знаев што се случува. Беше очигледно дека нешто не е во ред, но ние не знаевме што.
 
Бевме вкочанети околу три дена, а потоа моравме да почекаме за да дознаеме колку тешко беше оштетувањето на нејзиниот мозок.

Кога ја допрев за прв пат, таа беше толку студена.

Тоа беше толку чудно, затоа што бебињата би требало да се топли. Тоа правеше да сакате да ставите ќебе над неа, за да ја стоплите.
 


Телото на Софи подоцна било загреано на нормална температура, постепено во текот на 12 часа.

Потоа тестовите покажале дека таа има само благо оштетување на мозокот.

Нејзините родители знаат дека можело да биде многу полошо и се благодарни што во болницата имале таква опрема, која не е достапна насекаде.



Таткото на Софи вели:
 


Да не беше овој третман, оштетувањето на мозокот можеше да биде сериозно или фатално.

Ние сме многу благодарни што нашата локална болница ја имаше оваа опрема.
 

 


Huw Jones, консултант неонаталог во болницата, изјави:



До пред околу две години се што не можеше да се стори беше да се поддржи бебето.

Тие ќе беа на интензивна нега, но не можеше да се направи многу за да се заштити нивниот мозок.

Третманот со ладење помага се да се забави, што помага да запре оштетувањето на мозокот.
 


Девет дена покасно, Софи била пуштена да замине во нејзиниот дом, заедно со родителите.

Лекарите велат дека само времето може да покаже дали ќе има последици од оштетувањето на мозокот, но мајката на Софи вели дека таа го прави сето она што треба да го прави едно бебенце на нејзина возраст.