плодни денови

Користењето на калкулатор за плодни денови и овулација е едноставна алатка за помош при забременување и одредување на плодните денови. Со калкулаторот можете  да дознаете однапред кога се вашите плодни денови и овулација.
овулација и оплодување на јајце клетката

Овулацијата е процес во кој зрелата јајце клетка се ослободува од јајникот и е спремна за оплодување. Тоа всушност е време од менструалниот циклус кога жената е плодна. Овулацијата се случува само еднаш во месецот, односно еднаш во текот на еден месечен циклус на жената.

Зачнување - почеток на новиот живот

Создавањето на новиот живот, односно зачнувањето не е воопшто едноставна работа. Она што се гледа надворешно е водењето на љубов помеѓу мажот и жената, но всушност зачнувањето претставува исклучително сложен процес, врз кој што влијаат многу фактори.